🎥Тажен спектакл: Прв натпревар на Ливерпул по смртта на Жота, противникот не дозволи да „чекорат сами“

од Nikola Popovski
4 прегледи

Фудбалерите на Ливерпул го одиграа првиот натпревар од новата сезона и во исклучително емотивна атмосфера им оддадоа почит на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично загинаа на почетокот на месецот. Португалскиот репрезентативец и неговиот две години помлад брат, исто така професионален фудбалер, загинаа во сообраќајна несреќа на 3 јули во шпанската покраина Замора.

Како што објави BBC Sport, пред првиот пријателски натпревар на Ливерпул во новата сезона против второлигашот Престон на нивниот стадион Дипдејл, емотивно беа изведени песната на Елвис Присли „Can’t Help Falling in Love“ и химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“.

Трибината каде што беа гостинските навивачи на Ливерпул беше исполнета со знамиња и шалови во спомен на португалскиот фудбалер. Во моментот кога тимовите излегоа на теренот, одекнуваше песна посветена на Жота.

Вредно за одбележување е и што капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред делот од трибината каде што се наоѓаат навивачите на Ливерпул.

Истиот ритуал беше повторен и на почетокот на 20-тата минута. Познато е дека фудбалерот го носеше ресот со број 20 во Ливерпул и дека по трагедијата, клубот одлучи засекогаш да го повлече тој број во спомен на овој фудбалер.

Иако резултатот не беше во преден план, треба да се каже дека Ливерпул победи со 3:1 со головите на Конор Бредли, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо.

Немаше премногу радост кога мрежата беше затресена. Бредли го прослави водечкиот гол гледајќи кон небото, додека Дарвин и Гакпо славеа во стилот на Жота, со „џојстик“ и допирање на дланките од рацете во вид на аплауз – исто како што Жота ги прославуваше головите.

Слични содржини