🎥Тејтум плачел откако Леброн одбил да му даде автограм како дете

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Џејсон Тејтум и Леброн Џејмс сега се соиграчи во репрезентацијата на САД, но пред 15 години, кралот немал поим дека одбива да потпише автограм за една од идните големи ѕвезди на НБА. Оваа љубопитна приказна ја раскажал Тејтум, откако во 2009 година мајка му го однела на кошаркарски натпревар меѓу Мемфис и Кливленд, а по натпреварот не можел да добие автограм од еден од неговите омилени играчи и заплакал.

„Не ме одби директно, но со своите постапки го мислеше токму тоа. Тоа се случи во Мемфис одамна. Лери Хјуз, кој е еден од најдобрите пријатели на татко ми, играше со Леброн во Кавалирс. Мајка ми ме одведе на натпреварот. Сакав да го запознаам Леброн, да се сликам со него и да добијам автограм. Пред мене имаше многу луѓе и во еден момент рече дека заминува. Се вратив во автомобилот кај мама и почнав да плачам. Сепак, сега се е во ред“, изјави Тејтум.

Шампионското крило на Бостон му ја кажа предметната приказна на самиот Леброн, кој одговори со следново: „Затоа ли ми заби во финалето на Источната конференција“, мислејќи на моќното забивање на Тејтум во серијата 2018 помеѓу Бостон и Кливленд.

Сега тие двајца ќе се обидат да им донесат уште едно олимписко злато на САД на Игрите во Париз.

Слични содржини