Во средата навечер Атлетико Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а овој натпревар ни носи интересна приказна.
Како известувач на CBS, натпреварот го следеше легендарниот Алесандро дел Пјеро, кој по натпреварот разговараше со тренерите и играчите на двата тима.
„Не сме целосно задоволни од резултатот, но не сме ниту целосно разочарани. На домашен терен ќе имаме можност да покажеме дека не сме тим што може да игра добар фудбал само 60 минути, туку сите 90 или 120 ако треба. И имаме одлична можност да се пласираме во полуфиналето“, изјави Един Терзиќ во разговорот со Дел Пјеро.
Дел Пјеро му се заблагодари, му посака среќа и додаде: „Се гледаме за една недела.
И со тоа заврши официјалниот дел од разговорот.
Del Piero is such a legend that even the coaches he interviews ask him for a selfie ❤️🤳 @CBSSportsGolazo
— Italian Football TV (@IFTVofficial) April 11, 2024
Микрофоните беа спуштени, Дел Пјеро додаде уште едно „благодарам“ и уште едно „среќно“, а Терзиќ се врати и побара од легендата селфи.
Со кратко извинување што го направи тоа, и изјавата дека Дел Пјеро му бил омилен играч.