🎥ТЕЖОК СУДАР ВО ФОРМУЛА 1: Преполовен болидот на Ред Бул!

од Nikola Popovski

Болидот на возачот на Ред Бул, Серхио Перез бил буквално уништен до непрепознатливост во првиот круг од Големата награда на Монако. Кевин Магнусен невнимателно се удрил во Перез, по што неговиот болид се свртел и од ѕидот со полна брзина удрил во Нико Хулкенберг.

Болидот на Перез бил целосно уништен, но, за среќа, Мексиканецот излегол неповреден.

Претходно видовме уште два инциденти. Карлос Саинц „промаши“ кривина во еден од првите свиоци и го испушти третото место кое го обезбеди во квалификациите, додека Окон и Гасли исто така се судрија.

Слични содржини