🎥Тренер повлече кошаркарка за коса за време на натпревар, се бара негово апсење

од Nikola Popovski
124 прегледи

Џим Зуло, сега веќе поранешен тренер на женскиот кошаркарки тим Нортвил, доби отказ откако ја повлече за коса кошаркарката Хејли Монро.

Нортвил беше поразен од Ла Фарџервил со 43:37 во финалето на првенството на државата Њујорк во класата Д, а натпреварот го одбележа неверојатен инцидент.

Имено, Зуло во еден момент лут поради тоа што неговите избранички губат и лошо играат, решил тоа да го покаже на најлош можен начин, влечејќи ја Монро за коса.

Соиграчките брзо ги одвоиле разбеснетиот тренер од видно вознемирената Хејли, а набргу потоа 81-годишниот тренер доби отказ.

Недолго потоа, се појавија и повици Зуло да биде уапсен.

Според последните информации, против него е поднесена прекршочна пријава за малтретирање и вознемирување.

Слични содржини