🎥Третиот обид за ликвидација на Штекли бил најавен на ТикТок

од Nikola Popovski
438 прегледи

Денешниот нов обид за ликвидација на Раде Трајковски-Штекли веќе бил најавен на социјалните мрежи. На профил на ТикТок од неодамна е објавено видео од експлозија во Ќерамидница, а во истото меѓудругото стои коментарот „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“.

Според прикажаното, видеото е поставено на 30-ти септември.

Ова беше трет напад врз Трајковски – Штекли. Пренесен е во болница и е во стабилна состојба.

„Лицето е стабилно и е надвор од животна опасност. Има изгореници, и сè уште се прават испитувања. Ќе му биде предложено да биде задржан на лекување“, вели д-р Небојша Настов, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија случајот. Полициски екипи во моментот вршат увид на местото на настанот и движењето во околината е ограничено.

Тој минатата година во период од два месеци беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, но успеа да преживее.

Во 2021 година Шеткли беше уапсен во Белград поради тогашно поврзување со убиство извршено во Македонија. За него имаше распишано и меѓународна потерница. Името на Штекли во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран. Неговото име не се споменуваше ниту во последните мафијашки пресметки, кои почнаа со убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

Слични содржини