🎥Урнебесно видео: Роналдо пијан едвај оди, телохранители го држат и штитат од папараци

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо стана актуелен откако се појави видео на кое се гледа како се тетерави додека влегува во автомобил пред ресторан во Мадрид, а телохранители го држат.

Видеото на претседателот на Ваљадолид, како во пијана состојба излегува од ресторан во Мадрид, предизвика бурни реакции кај навивачите.

Објавувањето на видеото доаѓа во исклучително чувствителен момент за Ваљадолид, само неколку дена по поразот од Барселона и математички потврденото испаѓање од лигата. Навивачите веќе се лути поради недоволното залагање на Роналдо во текот на сезоната.

Појавувањето на снимката го засили чувството на напуштеност и предавство кај многу навивачи на Ваљадолид, кои бараат објаснување и одговорност од претседателот на клубот.

Роналдо сè уште не дал јавна изјава во врска со овој инцидент, ниту во врска со резултатите на Ваљадолид.

Слични содржини