Група вооружени мажи упаднале во телевизиско студио за време на пренос во живо во Еквадор и му се заканувале на персоналот, покажуваат снимки.
Happening now: an armed group has stormed the studios of state-owned TC Televisión in Ecuador and took hostages during a live broadcast pic.twitter.com/piUcgz7ygo
— Alex Bare (@alexbaretv) January 9, 2024
Директниот пренос на станицата ТЦ во градот Гвајахил, Еквадор, беше прекинат во вторникот од група која носеше качулки и оружје.
Персоналот бил принуден да се симне на подот пред да биде прекинат преносот, пишува Би-Би-Си.
URGENTE. El crimen organizado acaba de tomar la Televisora TC de Guayaquil en Ecuador mientras estaban en vivo. Tienen secuestrado a los periodistas y los camarógrafos. Son miembros de la pandilla de Los Lobos. pic.twitter.com/E7rLDUJtkT
— Agustín Antonetti (@agusantonetti) January 9, 2024
На друго место, во понеделникот во Еквадор започна 60-дневна вонредна состојба, откако осуден водач на банда исчезна од неговата затворска ќелија.