Застрашувачката снимка од електричниот пикап на Rivian, кој откако возачот „изгуби контрола над возилото“ лесно ги проби бетонските огради, јасно укажува на нови безбедносни проблеми, пред се од американските автопатишта, а потоа и на европските.
Големите електрични пикапи се првите на удар кога станува збор за масата на возилата. За да имаат толку пристоен опсег, тие имаат вградени огромни батерии, а со тоа нивната маса драстично се зголемува.
Тие во просек се 20 до 50% потешки од еквивалентни возила со фосилни горива, а во случајот со Rivian од видеото станува збор за дури 3,6 тони, пишува Associated Press.