Тензии во Кочани на денешната седница на Советот. Ситуацијата дојде до работ на физичка пресметка откако во вербална расправија влегоа советниците Аки Акиов и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Мирче Стојков. Акиов во обраќање од говорницата на Советот му порача на Стојков дека „имаат 62 жртви во дискотеката и 250 луѓе имате повредени“.
-Луѓето немаат завои…За каква селективна правда зборувате вие тука, рече советникот пред да биде прекинат од претседателот на Советот и да му биде исклучен микрофонот.
По ова се слушна навреда од редовите на советниците упатена токму на Акиов. Тој се упати кон лицето кој го навреди и фрли со пластично шише со вода. В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски се обиде да ја смири целата ситуација.
Немилиот настан можете да го погледнете од 20:00 минута.