🎬Капетановиќ: Високото образование да се прилагоди на пазарот на труд

Високото образование во регионот треба да го прилагодиме да одговори на предизвиците на пазарот на труд, изјави Генералниот секретар на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Локално

Високото образование во регионот треба да го прилагодиме да одговори на предизвиците на пазарот на труд, изјави Генералниот секретар на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ, на Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ што се одржува под покровотелство на Министерството за образование и наука во соработка со Регионалниот совет за соработка и Светска банка.

-Денес почнавме да зборуваме и наредните два дена ќе зборуваме како високото образование во регионот да го прилагодиме на новите предизвици на пазарот на труд, но и на новите предизвици од информатичката технологија и вештачката интелигенција. Мислам дека е многу вано заедно и во мера да го унапредуваме знаењето, да пробаме да најдеме заеднички модалитети како тоа да го направиме. Јас се надевам дека ќе имаме некои конкретни заклучоци кои ќе не обврзуваат да го направиме сето тоа што е многу вано да се направат реформи во високото образование и да биде најваниот заклучок да произведуваме знаења во склад со потребите на пазарот на труд , изјави Капетановиќ.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека високото образование треба да обезбеди општествата да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување.

Таа рече дека крупните геополитички промени што се случуваат ја јакнат свеста во мали држави како нашата дека образованието е нашата најсигурна инвестиција и дека иднината на нашите економии, нивната одржливост и отпорност зависи од нашата решеност и умеење да направиме квалитетно високо образование.

Е.Б.