🎬Пукотници во Приштина по победата на Албанија над Србија

Додека поразот ги растажи сите во Србија, победата на Албанија беше прославена насилно во Косово, а најмногу во Приштина

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Принтскрин/Х

Синоќа во Лесковац, Албанија ја шокираше Србија и славеше во многу напната атмосфера со резултат од 1:0, со што ги елиминираше нашите источни соседи од борбата за директни квалификации за Светското првенство следната година.

Поразот растажи илјадници домашни навивачи низ цела Србија, а последица на сето ова беше оставката на Драган Стојковиќ Пикси.

Додека поразот ги растажи сите во Србија, победата на Албанија беше прославена насилно во Косово, а најмногу во Приштина. Натпреварот беше следен на плоштадите и кафулињата, а по последниот свиреж, голем број луѓе излегоа на улиците. Во еден момент, еден човек извади пиштол и испука во воздух. Снимките од прославата и инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи.

Според порталот Вериу, едно лице е приведено на плоштадот Захир Пајазити поради пукање од огнено оружје по гол на Албанија, со што ја загрозил безбедноста на другите граѓани.