Хуманоидните роботи прават хуманоидни работи, а најновото на листата на потфати е спортскиот подвиг на роботот CUE6. Станува збор за тоа дека оваа машина го собори Гинисовиот рекорд во категоријата кошарка роботи, откако го погоди кошот од далечина од 24,55 метри.
CUE6 постигна кош речиси од другата страна на теренот (должината на теренот за кошарка е 29 метри), што е нешто за што сонуваат многу љубители на кошарката. Станува збор за машина која е дел од проектот CUE што Toyota Motor Corporation го спроведува од почетокот на 2017 година во рамките на својот развоен и истражувачки центар.
Роботот е засилен со вештачка интелигенција и е направен да биде суперпрецизен и способен за различни задачи.
Според тоа, ставањето на топката во кош е само една од способностите што ги има овој робот. Најпрво бил направен од лего коцки, а со текот на времето се зацврстил со дополнителни делови. Затоа не се распаѓа на теренот, а ни ова не му е прв рекорд – уште во 2019 година го собори рекордот за најмногу погодени последователни слободни фрлања.
Рекордот беше соборен на крајот на септември во Јапонија и веројатно не завршува тука – овој робот учи од своите искуства и благодарение на ова ја адаптираше својата техника да го погоди кошот со топката од голема далечина.
За споредба – рекордното растојание од кое човек ја стави топката во кош е 36,6 метри (рекордер е Џошуа Вокер, кој го постигна овој подвиг во 2022 година). Затоа, CUE6 има уште простор за подобрување, па останува да видиме дали наскоро ќе сруши нов рекорд.