Во следниве денови, односно до сабота попладне, времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела, ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува
умерен до засилен југозападен ветер, а в недела ветерот ќе го смени правецот во северен.
Потоа следува период на стабилно и потопло време.
