📊Балканот гори, во Босна температурата достигна 43, во Србија 42°C: Еве каде е срушен температурниот рекорд

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Топлотниот бран продолжува на Балканот. Вчера беше најтоплиот ден од почетокот на оваа година. Температурата во Зеница достигна 43 степени Целзиусови, што е највисока температура досега во тој град во Босна откако се направени мерењата.

Топло е и во другите делови од регионот со температури кои надминуваат 40°C и достигнуваат до 42°C.

Ведрото и топло време беше пропратено со големи шумски пожари во повеќе области, а најкритична е состојбата во Херцеговина, во Далмација и на црногорското приморје, додека северно од Атина беснее пожар од невидени размери.

Слични содржини