📷🎥 Фудбалска револуција 2.0? Суперлигата ги доби на суд УЕФА и ФИФА

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Суперлигата која требаше да биде формирана во 2021 година од европските гиганти беше ставена во мирување, а сега победи на суд против ФИФА и УЕФА.

Европскиот суд на правдата пресуди дека овие две фудбалски куќи дејствувале надвор од законите на Европската унија кога го забраниле натпреварувањето.

Засега не се знае како тоа ќе се одрази на европските гиганти и дали Реал Мадрид, Барселона и Јувентус како единствени преостанати основачи ќе продолжат да ја туркаат идејата за Суперлигата.

Според првите информации, Суперлигата би броела повеќе од 60 клубови.

Слични содржини