📷🎥 Повторно поплави по улиците низ Тетово, патот за Вејце е блокиран, во Скопје паднаа дрвја и бандери

од Илинка Илиоска
215 прегледи

Од Регионалниот ЦУК Тетово информираат дека во 20.30 часот, по обилните врнежи од засилен дожд во форма на невреме, од Кризниот штаб на Општина Тетово се добиени податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило, исто така има запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми.

Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи.

Невремето предизвика штети и во Дебар и Гостивар, а не го заобиколи ни Скопје. Паѓаше град со големина на лешник, а има паднати дрвја и бандери.

 

Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

„Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи“, најавија претходно од УХРМ.

Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.

Слични содржини