📷📽 Најмалку 16 цивили загинале – ескалира војната меѓу Тајланд и Камбоџа

од desk2
12 прегледи

Најмалку 16 цивили во Тајланд загинале во оружениот судир меѓу Тајланд и Камбоџа што изби утрово по локално време. Има и еден загинат тајландски војник. Поради нападите, Тајланд реши да ги затвори сите училишта во пограничната зона со Камбоџа. Ќе распоредува војска и во 2 национални парка и во 4 резервати.

Во напад од камбоџанските сили со ракети на една бензинска станица во Тајланд загинале најмалку 6 цивили, а двајца се ранети. Погодена е бензинска пумпа и објекти во местото Бан Фуе.


Според тајландски медиуми, 582 училишта се затворени во провинциите Сурин, Сисакет и Бурирам, откако ракети истрелани од Камбоџа погодиле населени подрачја, при што има загинати цивили. Погодени се и тајландски воени бази.

 

Министерството за надворешни работи, меѓу другото, ја обвини Камбоџа и за поставување мини кои во последниве денови повредиле тајландски војници. Според соопштението, имало напади и на 16 јули и вчера, а нападите утрово, со кои почна големиот оружен судир, траеле цело утро. Притоа била погодена и болница. Тајланд ги симна дипломатските односи со Камбоџа на ниско ниво и го повлече својот амбасадор.

Загриженост за судирот изразија и Кина и Малезија, повикувајќи на мирно решавање на проблемите.Тајланд

и Камбоџа спорат за една погранична област, во која е храмот Преах Вихеар, кој Меѓународниот суд на правдата во 1962 и 2013 година го прогласи за камбоџански, но Тајланд не ја признава таа надлежност.

📽 Завојуваа Тајланд и Камбоџа

Слични содржини