📷📽Русите жестоко ја нападнаа Одеса: Има мртви, згради во пламен

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Во напад со руски беспилотни летала врз Одеса во текот на ноќта загинаа две лица, а петмина беа ранети, соопшти гувернерот на регионот, Олех Кипер. Нападот предизвика бројни пожари, а оштети и станбени згради и училиште.

„Две лица загинаа, а петмина беа повредени во нападот. Лекарите им пружаат секаква потребна помош на повредените“, објави Кипер.

Цели на нападите биле станбени облакодери, едносемејни куќи, супермаркет, училиште и автомобили. Кипер објави дека на терен се поставени шатори за да им се помогне на жртвите и дека пожарникарите ги гаснат пожарите што избувнаа на неколку места во градот.

Русија редовно ги напаѓа украинските градови со ракети и беспилотни летала. Само еден ден претходно, најмалку три лица беа убиени, а 70 повредени во руски напади.

Нападот врз Одеса се случи само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави таканаречената хуманитарна иницијатива: прекин на огнот што е закажан да започне на 8 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.

Слични содржини