📷 Апасиев: ПРЕМИЕРЕ, НЕ БЕГАЈ – БЕГСТВОТО НЕ Е РЕШЕНИЕ

од Даниел Ѓорѓиевски
1,1K прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко реагираше на социјалните мрежи, обвинувајќи дека премиерот бегa од пратенички прашања во Собранието. Тој посочи дека ова претставува кршење на Уставот, Законот за пратеници и Деловникот на Собранието, бидејќи премиерот е должен да присуствува на овие седници секој последен четврток во месецот.

Апасиев тврди дека власта и координаторите на неколку партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВРЕДИ и ЗНАМ – донеле одлука за одложување на пратеничките прашања без консензус од сите координатори, вклучително и од Левица и ДУИ.

„Колку и да бегате и да ја насочувате истрагата, нема да можете да избегате од собранискиот мегдан. Кога-тогаш ќе мора да дадете одговори за прашањата од јавен интерес“, порача Апасиев, додавајќи дека волјата на координаторите не може да ја суспендира уставната обврска.

Тој ја заврши објавата со латинска правна изрека: „Jавното право не може да се измени со приватни спогодби.“

Слични содржини