📷 Новак Ѓоковиќ флертуваше со турската актерка Еџе Шукан, падна и бакнеж, а камерите го фатија нивниот близок момент

од Марта Пешевска
100 прегледи

Камерите не можееа да ги сокријат искрите што летаа помеѓу Новак Ѓоковиќ и турската актерка Еџе Шукан додека снимаа реклама за синџир луксузни хотели. Она што требаше да биде рутинско снимање, се претвори во нешто многу поинтензивно кога камерите фатија момент на блискост помеѓу српскиот тенисер и шармантната актерка. Хемијата помеѓу нив беше повеќе од очигледна, што им донесе одлична атмосфера за време на снимањето.

Фотографиите што турската актерка ги објави на социјалните мрежи прикажуваат мистериозен разговор, а обожавателите веднаш забележаа интимен допир – раката на Новак нежно почиваше на нејзиниот грб. Новак Ѓоковиќ не е нов во снимањето реклами, но ваква „поддршка“ како од Еџе досега не видел. Сега сите со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледа финалната реклама и кога ќе биде објавена.