Италијанската принцеза Марија Каролина де Бурбон-Парма доживеа сериозна сообраќајна несреќа со мотоцикл од која едвај се спаси жива. На 21 година, таа од болницата се обрати до своите 170.000 следбеници на социјалните мрежи, споделувајќи две фотографии – едната со мотоциклот, а другата од болничкиот кревет.
„Имав огромна среќа што сум жива. Удрив со главата во ѕид додека возев мотоцикл и завршив на одделот за интензивна нега. Преживувањето беше вистинско чудо“, напиша принцезата и ги повика сите да возат внимателно. „Мотоциклите се моќни и возбудливи, но и многу опасни. Ве молам, секогаш носете целосна заштита, особено вистинска кацига – мојата ми го спаси животот“.
View this post on Instagram
Таа изрази благодарност до лекарите и медицинскиот тим во болницата „Принцеза Грејс“, како и до брзата помош и спасувачите кои реагираа на местото на несреќата, нагласувајќи колку нивната брза и професионална реакција била клучна за нејзиното преживување. Марија Каролина е најстарата ќерка на принцот Карло, војводата од Кастро, и неговата сопруга Камила Крочиани. Таа има помлада сестра, принцезата Марија Кјара, која носи титули војвотка од Ното и Капри.
Во 2014 година, Марија Каролина имаше кратка улога во филмот „Грејс од Монако“, а во 2019 година го направи своето социјално деби на престижниот бал „Le Bal des Débutantes“ во Париз, каде што беше придружувана од принцот Леополд од Насау.