📷Агилера настапи во краток фустан, фанови: „Премногу си слаба“

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Кристина Агилера викендов гостуваше на италијанскиот моден настан Dolce & Gabbana Alta Moda кој се одржа на Сардинија. 43-годишната поп икона одбра лелеав розев краток фустан и соодветни чизми над колена. Во таа модна комбинација излезе на сцената, но неколку пати се пресоблекуваше.

Видеото кое го објави на својот Инстаграм профил предизвика бројни коментари кај нејзините фанови и собра повеќе од 235.000 лајкови.

„Добра ноќ“, напиша таа под објавата.

Коментарите на фановите беа поделени и додека едни пишуваа дека изгледа премногу добро, други коментираа дека изгледа подобро со некој килограм вишок.

„Има ли пожешка од тебе?“, „Дали е оваа Барбика?“, „Изгледаш убаво“, и упати комплименти обожавателите.

„Имаше прекрасни облини“, напиша еден од следбениците и додаде дека е штета што изгубила премногу килограми.

Слични содржини