📷Арсовска објави нови документи: „Ганиу овозможил легализација на лице за зграда која ја градел кога имал 5 години“

од Nikola Popovski
67 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави нови документи за наводи за криминал со дивоградби во општина Чаир. Градоначалничката предупреди дека се работи, како што вели, за вознемирувачка содржина.

„На 20.05.2025 година ВИСАР ГАНИУ и ЕЈУП АДЕМИ му овозможиле легализација на ЈАСИН САДИКИ, врз основа на барање кое го доставил до општина Чаир кога имал 6 години, за зграда која ја градел кога имал 5 години. Јасин САДИКИ е внук на Азем САДИКИ, градоначалникот на Студеничани. Сигурно Азем е исклучително горд на достигнувањата на својот внук. Веројатно и вие би биле да имате внуци што градат на 5 години“, објави меѓу другото Арсовска.

Вчера нови документи за 20 незаконски легализирани згради во Чаир поднесе градоначалничката на Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Според неа, не станува збор за тераси или гаражи, туку за објекти градени спротивно закон. Само еден објект, вели Арсовска, чинел над еден милион евра.

Според Арсовска, во општина Чаир има над 150 вакви згради по 12 ката без дозволи и проекти, со кои како што вели, буџетот бил оштетен за 225 милиони евра.

Слични содржини