Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок била цензурирана на фотографии за време на заедничката посета на Сирија со нејзиниот француски колега Жан Ноел Баро, пишува германски Билд.
Новиот лидер на Сирија, Ахмед ал Шара, се додава, не сакал да се ракува со неа.
Се вели дека медиумската куќа Алмхарар, поврзана со исламистите од џихадистичката организација Хајат Тахрир ал-Шам, која го предводеше соборувањето на претседателот Башар ал Асад, ги цензурирала фотографиите на кои можеше да се види Бербок.
🚨Breaking: German Foreign Minister Annalena Baerbock was blurred in photos of a meeting with the new Syrian authorities
Photos with a blurred image of Baerbock were published on resources associated with the Hayat Tahrir al-Sham (HTS). The images of other women present at the… pic.twitter.com/r51jsGWwxR
— NEXTA (@nexta_tv) January 5, 2025
Наместо да покажат официјални слики од високата државна посета, дистрибуирани од државната новинска агенција Сана, тие ја замаглија Бербок до непрепознатливост, за разлика од мажите кои беа со неа.
Експерт за ислам и активист за женски права, Сејран Атеш, кој се залага за либерален ислам со родова еднаквост, објаснува за Билд дека апсурдното однесување кон германската министерка е показател за искривената слика на исламистите за жената.
„Мотивацијата на таквите луѓе и нивните идеологии е секогаш жената како сексуален објект. Идејата дека луѓето се ракуваат во знак на поздрав и немаат сексуални мисли не постои во светот на исламистите“, рече Атеш, додавајќи дека за Исламистите идејата да се биде таква жена не е прифатлива.
„Билд“, исто така, укажува на огромниот јаз меѓу екстремната феминистичка идеологија на Партијата на зелените, од која е Бербок, и идеологијата на исламистите.