За актерот Бредли Купер семејството е приоритет, а тоа го покажа и синоќа. На бројни награди се појавуваше во друштво на својата мајка, а истото го направи и на 96. доделување на Оскарите.
Кога добиваат награди, многумина им се заблагодаруваат на нивните семејства за поддршката и разбирањето, а ѕвездите често ги спомнуваат своите родители на кои им го должат успехот. Колку и е благодарен на својата мајка, Купер синоќа покажа со уште едно појавување во нејзино друштво.
Холивудскиот актер отворено призна дека неговиот сакан татко му создавал многу трауми додека растел, но често зборувал за тоа колкава улога одиграла неговата мајка во неговата кариера, која заедно со неговата ќерка е најважната жена во неговиот живот.
Со оглед на тоа дека љубовната врска со Џиџи Хадид се уште е свежа, не е чудно што и оваа вечер Глорија Компано беше со синот. Облечена во елегантен тесен црн фустан и сатенска јакна, гордата мајка го држеше за рака својот син на црвениот тепих, не криејќи ја среќата што ја споделува оваа голема вечер со него.
Покрај Бредли Купер на Оскарите во 2018 година беше Ирина Шајк, која тогаш беше негова партнерка, а наградите во тоа време беа одбележани со емотивната изведба на актерот и Лејди Гага, на која Шајк наводно и била многу љубоморна поради хемијата на двајцата уметници на сцената.