Огромна колона возила, метеж, нервозни возачи и пешаци. Вака на кратко изгледа состојбата со сообраќајот на околните улици пред трговскиот центар „Сити Мол“.
Оваа слика е речиси реалност во текот на целиот ден особено во периодот пред и после големите празници, како и за време на попустите за „Black Friday“. Голем дел од посетителите на трговскиот паркираат по околните улици.
Граѓаните кои живеат во овој дел од Скопје револтирано реагираат дека метежот и гужвата околу трговскиот центар сериозно влијаат на нивниот мир и го нарушуваат нивното секојдневно нормално функционирање.
-Неразбирливо е да кружиш неколку круга околу населбата и да изгубиш еден час за да најдеш паркинг простор, вака нервозно реагира граѓанин кој што сакаше да остане анонимен.
Фото: Локално