📷Дебито на Дончиќ за Лејкерси од трибините го следеа Адел, Рич Пол, Вил Ферел…

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс. На трибините имаше многу познати фаци.

Адел и нејзиниот партнер Рич Пол го следеа натпреварот.

Во Арената беа и Вил Ферел, Дирк Новицки и Флојд Мејведер Јуниор.

Фолк во Лос Анџелес

Во пресрет на натпреварот во Крипто Арената, беше пуштена и плејлиста на Дончиќ. Дончиќ ја имаше истата плејлиста и во неговиот поранешен клуб Далас, претежно составена од српски хитови, меѓу кои и на Ана Бекута.

Да потсетиме, Лејкерси на домашен терен убедливо ја совладаа Јута Џез. Дончиќ и покрај убедливата победа не импресионираше во своето деби. Тој имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерси со 14 поени, пет скока и четири асистенции.

За среќа на Лејкерси, Леброн Џејмс беше на исто ниво со 24 поени, седум скока и осум асистенции, Остин Ривс додаде 22, а Руи Хачимура 21 поен.

Слични содржини