Кошаркарите на Денвер Нагетс пристигнаа во Абу Даби како дел од подготовките за новата сезона во НБА лигата, каде одиграа два натпревари против Бостон Селтикс. Тимот и стручниот штаб на тимот имаше време и за посета на локалните знаменитости.
Тимот на Нагетс ја посети големата џамија во Абу Даби именувана по Шеик Зајед, каде што се фотографираа во арапски носии.
View this post on Instagram
Сепак, на сликите беше забележана една интересна работа, а тоа е дека на неа го немаше нивниот најдобар играч, Никола Јокиќ. Српскиот центар го „прескокнал“ фотографирањето и посетата на оваа џамија. Се претпоставува дека тоа го направил затоа што бил на мечот меѓу Мега – неговиот матичен клуб и Дубаи кои играа во рамките на третото коло од АБА Лигата.
Обожавателите и следбениците на социјалните мрежи веднаш започнале со коментари од типот на: каде е Јокиќ?