📷Џеј Ло ги изненади сите со својата појава во боксот на Ферари

од Vladimir Zorba
556 прегледи

Џенифер Лопез успеа да ги изненади сите во Формула 1 во Џеда со своето појавување во боксот на Ферари пред последниот слободен тренинг за Големата награда на Саудиска Арабија.

55-годишната ѕвезда се сретна со возачите и се сликаше со механичарите, а по квалификациите беше главен изведувач на концертот за публиката на патеката заедно со уште една голема ѕвезда – Ашер.

Скудерија се пофали дека Џеј Ло им била специјална гостинка, а таа се појави на сцената во Формула 1 за прв пат по 2014 година, кога учествуваше на концертот, дел од програмата за ГН на Сингапур.

Џенифер Лопез е фан на Формула 1 и вчера можеше да го обиколи боксот, како и да има краток разговор со извршниот директор на шампионатот Стефано Доменикали.

Во 2023 година, Џеј Ло и нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек организираа хуманитарен турнир во покер како дел од Гран при на Лас Вегас, кој привлече сериозен интерес.

Слични содржини