📷Екс-директорот Асани се пожали дека бил „тресен“ на граница, обвини за „некултура меѓу цариниците“

од Nikola Popovski
308 прегледи

Екс-директорот на Агенцијата за управување со одземен имот од 2017 до 2023 година, Фатон Асани се пожали од, според него, некултурниот однос од страна на цариниците на граница, кои направиле целосна контрола на неговото возило. Асани, поранешен директор од редовите на СДСМ, преку фотографија на социјалните мрежи, обвини за дрскиот однос на, како што рече, шефот на смената.

„Да не бидам лошо разбран. Не е проблем проверка колку што ми е проблем НЕКУЛТУРАТА!!! Во нашево парче земја прво и основно фали КУЛТУРА и соодветен однос на службениците , кажував во 2017 кажувам и сега КУЛТУРА НУЛААА !!! Секоја проверка треба да почне со добредојдовте во Р.Македонија а треба да заврши со УБАВ ПОМИН ВО Р.Македонија. “Јас сум шефот на смена,жали се кај сакаш” Крајно непрофесионален однос на цариник 01681!!Добре ве најдов ПАТРИОТИ“, стои во објавата на Асани.

Подоцна Асани објавил и кои се правилата на професионално постапување, како и како доследно треба да се спроведува Законот за Царинска служба и Законот за внатрешни работи.