📷Ферари промовираше нови влечки – цената не сакате да ја знаете

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Ферари претстави хибрид од мокасини и влечки по цена од 850 долари, што јасно покажува дека модниот оддел во Маранело сериозно се фокусира на летната сезона.

Изработени во Италија од четкана телешка кожа, овој модел со отворени прсти комбинира класичен горен дел од мокасини со ѓон сличен на сандала, црвена подлога и релјефно лого со коњ под петицата.

Достапни се во големини од XXXS до XXXL, а дизајнот е претставен како – родово неутрален.

Моделот е веќе достапен на официјалната веб-продавница на Ферари, спакуван во препознатливо брендирано пакување и е дел од пошироката стратегија на брендот за зголемување на приходите од лајфстајл сегментот, покрај постојните линии на Формула 1 и супер автомобили.

Слични содржини