📷Форд (82) загрижен – полицијата му соопштува дали пожарот му го уништил домот во Лос Анџелес

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Харисон Форд, легендарниот актер кој безброј пати не воодушеви со својот талент, може да го загуби домот на 82 години.

Областа на Лос Анџелес ја зафатија страшни пожари кои уништија повеќе од 1.000 имоти, вклучително и домови на познати личности. Граѓаните директно ја обвинуваат градоначалничката Карен Бас за пеколот низ кој поминале.

Харисон Форд е меѓу жителите на Лос Анџелес кои се евакуирани и не знаат што се случува со неговиот дом вреден 12,6 милиони долари во Бентвуд, додека пожарот во соседната населба Палисадес продолжува да беснее.

Актерот (82) вчера бил забележан како разговара со полицајци во близина на неговата куќа, која е во опасност да исчезне поради пожар. Возел онолку колку што дозволувало полициското ограничување, надевајќи се дека ќе види или барем ќе добие некаква информација за тоа што се случува со неговиот дом.

Полицијата беше стационирана на аголот на булеварот Сансет и патот Мандевил Кањон, област која моментално е под наредба за евакуација, кога Форд застана во црн автомобил и разговараше со полицајците. Тој наводно се обидувал да влезе во неговата населба за да може да ја провери својата куќа по претходна евакуација.

На фотографиите кои се појавија се гледа како холивудската икона излегува од автомобилот и разговара со полицијата загрижен, додека полицајците преку повремената насмевка се обидуваат да му дадат до знаење дека се ќе се реши и ќе заврши.

Форд е една од многуте познати личности чии домови се или загрозени или уништени во пожарот во Палисадес, кој првпат беше пријавен во 10:30 часот во вторник.

Слични содржини