📷Германците бесни поради новиот дрес: Тврдат дека е „нацистички“, но ќе го носат на ЕП

од Nikola Popovski
295 прегледи

Новиот дрес на германската фудбалска репрезентација предизвика голема бура бидејќи навивачите и новинарите го изразија своето незадоволство од неговиот изглед. Имено, Германците тврдат дека делови од него потсетуваат на нацизмот.

Специфичниот фонт на бројките и другите делови ги потсетија на ужасното минато.

Историчарот и археолог Мајкл Кениг на социјалните мрежи објави дека забележал како дресот со број 44 неодоливо потсетува на злосторничка и нацистичка СС дивизија од Втората светска војна.

„Од историска гледна точка, многу е дискутабилно дали треба да се дозволат вакви дресови за ЕП“, напишал Кениг.

Германија ќе биде домаќин на Европското првенство, а ќе игра во групата А заедно со Унгарија, Шкотска и Швајцарија.

„Панцерите“ ги совладаа Франција (2:0) и Холандија (2:1) за време на последната репрезентативна пауза.

Слични содржини