📷Ги изненади сите: За овој прекрасен фустан на Анџелина Џоли долго ќе се зборува

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Анџелина Џоли никогаш не пропушта да воодушеви со својот фантастичен моден стил, па се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа на црвениот тепих на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара.

Познатата актерка изгледаше навистина волшебно во уште една генијална креација која одлично и прилегаше и ја истакна нејзината беспрекорна фигура.

Анџелина Џоли, позната и како режисерка и хуманитарец, блесна на овој настан во издание за кое долго ќе се зборува.

Таа зрачеше со посебна елеганција на 40. Меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара, а за таа прилика се одлучи за стајлинг инспириран од вечниот минимализам.

Овогодинешниот добитник на наградата „Maltin Modern Master“, највисоката чест што ја доделува овој филмски фестивал, го украде вниманието во впечатлив фустан од лелеава ткаенина во елегантна нијанса на бела боја, кој ја истакна нејзината витка фигура, а многумина забележаа дека таа не носи градник.

Слични содржини