📷Гитаристот на ДНК со благодарност до лекарите од Солун кои му го спасија животот

-Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’, објави еден од повредените во пожарот во „Пулс“

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Фејсбук

Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој е еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на денешен ден пред една година, се заблагодари на медицинскиот персонал од болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по пожарот.

Тонев објави фотографии на „Фејсбук“ и упати голема благодарност до лекарите.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од болницата ‘Папаниколау’. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша тој.

Болницата „Георгиос Папаниколау“  беше еден од трите медицински центри во Грција што згрижија повредени од пожарот во своите специјализирани оддели за изгореници.

Инаку, меѓу пациентите кои беа хоспитализирани во солунската болница беа две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години.