📷Го прослави својот 47-ми роденден и објави фотографија во мини бикини кое предизвика лавина!

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Никол Шерцингер, поранешна членка на Pussycat Dolls, ја „запали“ плажата во бикини со зебра принт додека го прославуваше својот 47-ми роденден, пишува Page Six. Таа објави видео на Инстаграм во кое гордо ја покажува својата фигура во мини бикини додека среќно позира.

Обожавателите веднаш ја пофалија за нејзиниот изглед. „Дефинитивно изгледаш помлада од 25 години“, ѝ рече еден обожавател. „Прекрасна си“, „Убава“, „Култна“, напишаа други заедно со низа желби за роденден.

Никол сподели и друго видео во кое медитира на плажа.

Шерцингер често споделува фотографии во бикини за време на одморите, а моментално е на пауза од настапот на Бродвеј, во мјузиклот награден со Тони, „Sunset Boulevard“.