ФОТО: Се вери Никол Шерцингер

од Stefanija Kuzmanovska
441 прегледи

Пејачката Никол Шерцингер (44) се вери со своето долгогодишно момче, поранешниот рагбист Том Еванс (38). Среќната вест таа ја сподели на својот Инстаграм профил.

Никол објави две фотографии од патувањето на Хаваи, каде што вереникот ја изненадил со прстен на плажа.

– Кажав „да“, напишала кратко таа во описот на фотографиите, додека Том на својата идна сопруга ѝ порача: „Моја засекогаш“.

Извори блиски до парот за Page Six изјавија дека тие долго време зборувале за својата иднина.

– Возбудена е што конечно се стана реалност. Тој е на седмо небо, рекол изворот.

Инаку, ова ќе ѝ биде трет брак на Никол.

Слични содржини