Американската актерка Хали Бери (58) позираше во костим за капење додека уживаше на одмор во Калифорнија и ги воодушеви бројните следбеници на социјалните мрежи со својот изглед.
Актерката сподели серија фотографии од летниот одмор на својот Инстаграм профил, каде што позираше во елегантен црно-бел костим за капење инспириран од 50-тите години. Комбинацијата ја надополни со голема црна шапка.
„Пустински денови. Прозорци спуштени, музика вклучена, никаде на друго место освен тука“, напиша таа во описот на објавата.
Со својот младешки изглед и беспрекорна фигура на 58 години, актерката предизвика бројни позитивни реакции од своите следбеници.
„Најубавата жена на светот“, „Секогаш ќе бидеш девојка“, „Кралицата Хали“, „Икона“, се само дел од коментарите под објавата.
Иако не откри со кого била на одмор, актерката беше видена неколку пати во текот на годината во друштво на својот партнер, музичарот Ван Хант. Во неодамнешното гостување во „Today Show“, Хали отворено проговори за нивната врска, откривајќи дека Хант веќе ѝ предложил брак, но дека таа сè уште не прифатила.