📷Ибрахимовиќ се почести за роденден: Купил „ѕвер“ за 900.000 евра

од Nikola Popovski
120 прегледи

Златан Ибрахимовиќ, денес дел од управата на Милан, на оригинален начин си го честиташе 43. роденден.

Легендарниот фудбалер на својот официјален „X“ профил сподели фотографија од луксузниот спортски автомобил Ferrari SF90 Stradale, вреден речиси 900.000 евра.

„Среќен роденден Златан“, напиша популарниот Ибра.

Карактеристичниот модел на Ферари има V8 мотор, 786 КС и забрзува од 0 до 100 km/h за само 1,9 секунди.

Ибрахимовиќ спаѓа во групата на најдобри напаѓачи во последните две децении. Професионалната кариера ја започна во Малме, а потоа играше за: Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.

Кариерата ја заврши во италијанскиот гигант Милан каде моментално работи како клупски советник.

Специјализираниот портал Трансфермаркт наведува дека Ибрахимовиќ во својата богата кариера постигнал 496 гола и забележал 202 асистенции. Кариерата ја заврши како учесник на 32 клупски трофеи.

За шведската репрезентација забележа 122 настапи и постигна 62 гола.

Слични содржини