📷Италијанци му се заканија на Ѓоковиќ поради Синер: „Те чекаме во Рим“

од Nikola Popovski
324 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши својот неуспешен настап во Доха откако беше елиминиран во првото коло од Матео Беретини, а сега добива и закани од Италија.

Тенисерот пред почетокот на турнирот зборуваше за одлуката на антидопинг агенцијата да се договори со Јаник Синер и да го суспендира на само три месеци.

„Имаме ситуации кога некој како врвен играч кој може да си ги дозволи најдобрите адвокати и може да има пристап до ресурси, па така има поголеми шанси да постигне подобар исход од некој што го нема. Така функционира. WADA во своите правила наведува дека секој случај е различен, дека кога ќе се открие позитивен резултат од тестот, имате разумно време да се изјасните по тоа прашање, да го откриете изворот или позадината од каде потекнува. Синер го достави тоа за шест часа, поради што имаше подобар третман, додека други не успеаја. Не секој може да го направи тоа брзо“, рече Ѓоковиќ за случајот со Италијанецот.

Поради таа изјава тој на социјалните мрежи беше нападнат од италијански навивачи кои му упатија и сериозни закани.

Во коментарите под фотографијата на Вердаско и Ѓоковиќ, го нарекуваат „мал човек“ и му велат „те чекаме во Рим, паметиме се што кажа, ќе бидеш „награден“ со вистинска мерка“ и слично.

Еден корисник на социјалните мрежи смета дека Новак и неговата сопруга Јелена треба да преземат правни мерки за да се заштитат од нападите.

Слични содржини