📷„Изгледа одлично“: Никол Кидман ја скрати русата коса

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Пролетта е време кое инспирира многумина да направат промени во поглед на изгледот, од нови тренди парчиња во гардероба до фризури. А почетокот на новата сезона беше и моментот кога Никол Кидман се одлучи за нова фризура која ги воодушеви нејзините фанови.

Познатата 56-годишна актерка објави две фотографии на Инстаграм на кои позира облечена во црна кожна јакна Balenciaga. Таа во описот на фотографијата смислено ставила само емотикон со црно срце.

На втората фотографија навлекла качулка преку глава за нешто помистичен изглед, а се претпоставува дека станува збор за снимање на рекламна кампања за популарна модна марка, чиј амбасадор е таа.

Актерката, исто така, сподели приказна на Инстаграм каде ги означи нејзиниот фризер Адир Абергел и шминкерот Гучи Вестман кои се одговорни за нејзиниот нов, неверојатен изглед. Новата фризура е популарната и вечна боб со малку пократки прамени напред, а истакнатата руса коса е лежерно разбушавена и „неуредно“ брановидна што создава особено шик изглед. Фановите го нарекоа новиот изглед „чиста преобразба“.

Никол објави фотографии од нејзиниот нов изглед само една недела откако ја разубаве насловната страница на магазинот Elle за април 2024 година, каде што ја откри и својата беспрекорно извајана фигура во фото серијата.

И покрај оваа промена во изгледот која вклучува пократка коса и нова боја, ова не е прв пат Никол да се одлучи за платинеста нијанса на коса. Во јануари 2024 година, актерката позираше за насловната фотографија на австралискиот Vogue, каде носеше долга руса коса и тесна долна облека од тантела додека држеше змија околу вратот.

Слични содржини