Четири израелски војнички кои беа држени во Газа 15 месеци им се заблагодарија на членовите на Хамас за нивниот добар третман преку видео објавено од палестинската група.
„Им благодариме на бригадите Ал-Касам за добриот третман, ви благодариме за храната и облеката, им благодариме на младите луѓе кои не заштитија од бомбардирањето. Со Божја помош, ова ќе биде среќен ден и сите ќе бидеме добро“, изјавиле затвореничките кои денеска биле ослободени.
Како и претходните затвореници, тие добиле сертификати за времето поминато во Газа.
Потсетуваме дека ова беше ослободување на заложниците според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Released ‘Israeli’ captives thanking Al-Qassam Brigades for their hospitality… in Arabic. pic.twitter.com/4QDBQx0wKk
— Ihcen 🔻 (@ihcentoo) January 25, 2025
Жените војници најпрво беа предадени на Црвениот крст на палестинскиот плоштад во градот Газа, а потоа израелската војска ги презела
Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Наама Леви – сите 20 години и Лири Албаг (19) беа приведени во Газа од 7 октомври 2023 година. Овие четири беа меѓу седумте жени-војнички киднапирани од воената база Нахал Оз.
По ова ослободување, Израел ослободи 200 палестински затвореници.