📷Лејкерси го „пречекаа“ Лука, генералниот менаџер на Далас шокираше со нова изјава

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс го потврдија доаѓањето на Лука Дончиќ во нивната организација.

„Да, навистина се случи. Добре дојде во Л.А., Лука“, напишаа Лејкерси на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, генералниот директор на Мевс, Нико Харисон, разговараше со новинарите во Кливленд и откри неколку неверојатни информации – тој не разговарал за потенцијалниот трејд за Дончиќ со друг тим освен со Лејкерс.

„Роб (Пелинка, генерален менаџер на Лејкерс) и јас го задржавме тоа меѓу нас. Џејсон Кид (тренерот на Маверикс) не ни знаеше за тоа“, рече Харисон додека Кид седеше до него на прес-конференција: „Сепак, Кид и јас се согласуваме, зборуваме за профилите на играчите и културата што сакаме да ја изградиме овде“. Знам какви типови на играчи сака Кид, освои титула со Дејвис, па мислев дека тоа е добар потег“.

Харисон ја заврши конференцијата со уште една изјава која сигурно нема да наиде на одобрување од навивачите на Мавс: „За мене иднината се следните три или четири години. За десет години… Дотогаш, Кид и јас веројатно ќе бидеме „погребани“, или ќе се закопаме самите себеси“.

Харисон му се заблагодари на Лука за „брилијантноста“ што ја покажа во последните години.

„Свесни сме за големината на овој потег, времето ќе покаже дали сум во право. Ви благодарам Лука и Клебер за вашата посветеност. Сепак, мислиме дека одбраната освојува титули и затоа сакавме да го донесеме Дејвис, тој е уникатен кошаркар“, рече Харисон и додаде: „Не сакам да зборувам лошо за ниту еден играч, но има нијанси. Има играчи кои се вклопуваат во културата на тимот, а има и такви кои се надоврзуваат на тоа. Момците што ги доведовме (Дејвис и Макс Кристи) го градат тоа“.

Конечно, Харисон им кажа на фановите дека ја разбира нивната фрустрација.

„Кога ќе почнеме да победуваме, верувам дека фрустрациите ќе исчезнат“, заклучи Харисон.

Слични содржини