📷Мадона ги изненади фановите со нови фотографии – позираше без маица и со непознат маж

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Мадона ги изненади следбениците со неколку неодамнешни објави на Инстаграм. 65-годишната пејачка позираше без маица и градник, а градите ги прекри со косата. На една од фотографиите таа позираше со непознат маж кој се „скри“ зад неа.

„Жешка забава во лето“, напишала накратко пејачката во описот на објавата. Некои во коментарите и напишаа дека изгледа како „карикатура“ и дека „не личи на себе“. Но, многу фанови застанаа во одбрана на пејачката и напишаа дека на оние на кои им пречат нејзините објави не треба да гледаат на нејзиниот профил.

Мадона не престанува да шокира и на 65 години, а неодамна налути еден обожавател со контроверзниот настап во Калифорнија.

Имено, како што пишува „The Blast“, еден од обожавателите на Мадона наводно ја тужел пејачката затоа што таа „ги изложила посетителите на нејзината последна турнеја Celebration на порнографија и тоа без предупредување“. Според правните документи, Мадона е тужена и за „лажно рекламирање и несакана изложеност на сексуална содржина“.

Тужителот Џастен Липлес поднел колективна тужба во негово име и во име на сите поединци во Калифорнија кои купиле билети за концертот на Мадона, тврдејќи дека публиката наводно била „присилена да гледа топлес жени кои симулираат сексуални дејствија“.

Слични содржини