Малолетникот од Охрид кој загина во текот на вчерашниот ден откако со мопед излета на регионалниот пат Охрид-Св. Наум и удри во метален столб е младиот фудбалер на ГФК Охрид, Анастас Каровски.
Локалниот клуб се прости од него со порака на социјалните мрежи.
Почивај во мир, ангелу, се вели во пораката на социјалните мрежи на „ГФК Охрид“.
Според информациите од СВР Охрид, незгодата се случила вчера наутро во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопедот управуван од 16-годишникот, излетал од коловозот и удрил во метален столб.
Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.