📷Маск сподели мапа со наталитетот во Европа: Македонија во „црвено“, Косово се издвојува

Се издвојува групата на земји од поранешна Југославија - Македонија има најлоша стапка на наталитет со 1,49, Босна и Херцеговина е втора со 1,58, а Србија (1,61), додека Црна Гора (1,79). Хрватска и Словенија се со стапка од 1,5. Апсолутниот европски рекордер Косово со (1,9) има зголемена стапка на наталитет

од Nikola Popovski
37 прегледи

Милијардерот и поранешен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, сподели мапа со стапката на наталитет во Европа на својот профил на социјалната мрежа „X“.

На мапата можете да ги видите европските земји според очекуваниот број на деца по семејство. Наведено е дека под едно дете е „екстремно ниска стапка“, до едно „ниска стапка“, до 1,5 деца „недоволна стапка“, до 1,9 деца „блиску до стапката на замена“ и повеќе од 2,1 деца „над стапката на замена“.

Како што може да се види на мапата, голем дел од Европа е „во црвено“, а се издвојува Украина, каде што очекуваниот број на деца по семејство е 1,0.

Во западниот дел од Стариот континент, се издвојува Франција со стапка од 1,63, што е една од најдобрите стапки во Европа.

Според мапата, се издвојува групата на земји од поранешна Југославија. Македонија има најлоша стапка на наталитет со 1,49, Босна и Херцеговина е втора со 1,58, а Србија (1,61), додека Црна Гора (1,79). Хрватска и Словенија се со стапка од 1,5. Апсолутниот европски рекордер Косово со (1,9) има зголемена стапка на наталитет.

Стапки над „црвената зона“ имаат и Молдавија (1,66) и Бугарија (1,72).

Освен Украина, на дното на Европа се Шпанија (1,12), Литванија (1,13) и Естонија (1,17).

Слични содржини