Премиерот Христијан Мицкоски објави дека присуствувал на натпревар од НБА лигата. Според фотографијата, Мицкоски го гледал во живо мечот меѓу Вашингтон Визардс и Милвоки Бакс. Бил во присуство на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски.
-По кратко и озбилно убедување од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks. Благодарам Зоки што веднаш обезбеди навистина убави места. Утре поаѓаме за нашата Македонија, се гледаме во недела во Гази Баба, нов објект, нова инвестиција за Македонија повторно ваша, стои во описот на фотографиите на премиерот.
View this post on Instagram
Милвоки, предводен од Јанис Антетокумпо го доби натпреварот со резултат 104-101.
Претходно Мицкоски се обрати на конференцијата СРАС – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој обраќање имаат и претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.