Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов го унапредил својот братучед Игор Трајковски.
Според документи доставени од извори на „Локално“ од АХВ, тој е унапреден во Советник за храна од неживотинско потекло во Одделение за државна инспекција. На оваа одлука може да се поднесе жалба.

Фото: Локално
Како што претходно објави „Локално“, вработувањето на Трајковски од пред неколку месеци било направено преку превземање од институција до институција, односно Трајковски бил претходно вработен во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделието, во работната единица во Скопје.
Случајот со вработувањето на роднини во АХВ бил пријавен и во Комисијата за спречување на корупцијата. Според Антикорупционерите, пак, именуван директор на јавна установа не смее да вработува роднини до четврто колено.
Оливер Миланов е инаку син на Стојан Миланов, поранешен пратеник од редовите на Социјалистичка партија, роднина на покојниот Љубисав Иванов – Ѕинго.
Непотизам во Агенцијата за храна: Директорот си вработил братучед