Крилниот напаѓач на Челси, Михаило Мудрик, се вклучи во размена на зборови со поддржувач на лондончани, кој му пиша на социјалните мрежи за да го изрази своето незадоволство од игрите на Украинецот. Како одговор на критиките, Мудрик, за кого „сините“ платија 88 милиони фунти, му понуди на поддржувачот да излезе и да ги измери нивните фудбалските знаења еден на еден за 10.000 фунти.
Навивачот одговара соодветно на Мудрик, враќајќи му дека тој лично ќе му плати за секој постигнат гол.
Украинецот досега постигна четири гола на 42 натпревари откако потпиша од Шахтјор Доњецк пред нешто повеќе од една година.
Еве дел од комуникацијата меѓу двајцата, која ја сподели и самиот навивач:
Фан: Што не е во ред со тебе? Зарем си заборавил да играш фудбал? Не си доволно добар. Нешто мора да се промени. Можеби ви треба повеќе тренинг еден на еден. Секогаш кога играш, ние сме човек помалку.
Мудрик: Дојди и играј еден на еден против мене за 10.000 фунти.
Фан: Брат, сега сум подготвен лично да ти давам пари секогаш кога ќе постигнеш гол.